Грејната сезона официјално почнува во среда, но дел од корисниците со станбени згради се соочуваат со низа проблеми, поплавени ходници и подруми и ладни радијатори…
Грејната сезона официјално почнува во среда, но дел од корисниците со станбени згради се соочуваат со низа проблеми, поплавени ходници и подруми и ладни радијатори.
Од ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија велат дека проблемите биле предизвикани од дефекти на внатрешната грејна инсталација, непристапни топлински станици и без електрично напојување. Очекуваат расположливите количества гас дека ќе бидат доволни за топли радијатори целата зима, но можно се редукции.
„Ја информираме јавноста дека систем-операторот за пренос на гас „Номагас“ најави дека оваа година поради ремонтни активности на регионалните транспортни системи за пренос на природен гас и гасоводот „Турски тек“ се очекува од 13 до 17 октомври да има прекин во испораката на природен гас кон потрошувачите во земјава“, се наведува во соопштението на ЕСМ дистрибуција на топлинска енергија.
Апел, потрошувачите и заедниците на сопственици да ги отстранат дефектите за континуирано напојување со електрична енергија.