Растечкиот тренд на стечаи во Германија продолжи и во септември, кога се зголемија за 10,4 отсто во споредба со 12 месеци претходно.
Водечките ревизорски агенции очекуваат поголем број постапки за несолвентност оваа година отколку минатата година, која со 21.812 случаи беше најтешка од 2015 година.
Растот на бројот на пропаднати компании беше очекуван поради крајот на државната пандемиска помош за компаниите, како и од скапата енергија, зголемената бирократија и политичката неизвесност, исто така, придонесуваат за ова.
Германија ги заврши претходните две години со рецесија, пренесува Н1.