ПроКредит Банка потпиша договор со ЕБОР – European Bank for Reconstruction and Development (EBRD) во износ од 20 милиони евра за Програмата за споделување на ризикот.

ПроКредит Банка е една од првите банки во земјата која се вклучи на оваа програма, која ќе овозможи полесен пристап до финансирање на поголеми проекти за локалните бизниси, придонесувајќи кон зајакнување и раст на локалните компании.

Со овој финансиски инструмент ПроКредит Банка ќе го сподели ризикот со ЕБОР на определени изложувања кон клиентите, каде ЕБОР ќе даде гаранции до 50 отсто од определеното портфолио.

Дополнително овие проекти добиваат техничка поддршка за нивна успешна реализација од широк тим на консултанти ангажирани од ЕБОР.