Стопанската комора на Северна Македонија и Европската инвестициска банка (ЕИБ) денеска ќе промовираат Водич за декарбонизација наменет за малите и средните претпријатија во земјава.
Онлајн водичот е практична алатка за поддршка на нивниот премин кон поодржливо и нискојаглеродно работење.
На промоцијата најавено е присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални ресурси Сања Божиновска, евроамбасадорот Михалис Рокас и претставникот на ЕИБ во земјава Бјорн Габриел.