Највисоката просечна нето плата од 1.624 евра во јуни била исплатена во финансискиот сектор
Црногорската Управа за статистика (Монстат) излезе со податоци за просечната нето плата во земјата во јуни, која изнесува 1.010 евра и е пониска за 0,4 проценти во однос на мај, а просечната бруто заработувачка во јуни е 1.203 евра.
Најголема просечна нето плата од 1.179 евра е исплатена во Тиват, втора е Зета со 1.139 евра, а трета Подгорица со 1.061 евра.
Најниски просечни нето плати добиле вработените во Петњица (820 евра), во Андриевица (824) и во Гусиње (844).
Највисоката просечна плата била исплатена во финансискиот сектор од 1.624 евра, а најниската во секторот за административни и помошни услуги (838 евра).