Работници од Индија, Непал, Бангладеш и африкански земји доаѓаат во Дубаи со надеж за подобро утре, но често се соочуваат со нехумани услови: работат по 12 часа и повеќе, живеат во пренаселени сместувања, а платата им е минимална – понекогаш само околу 80 до 170 евра месечно.
На работниците им се ветуваат удобни услови, но кога ќе пристигнат, многу работи се различни од она што им е ветено“, вели вработена во организација за заштита на човекови права.
Градежниците се особено изложени на опасности: работат на температури над 50 степени Целзиусови, без сенка и пауза, со честопати нарушени безбедносни протоколи. Некои од нив дури плаќаат илјадници евра на агенции за да добијат работа, оставајќи ги заробени како должници поради ниските плати.
Системот „кафала“ им дава голема моќ на работодавците, кои можат да им забранат да ја напуштат земјата или да ги задржат пасошите, создавајќи состојба слична на модерно ропство.
Работниците многу често не ја добиваат платата со месеци, а тоа ги оставa без средства за основни потреби како храна и сместување“, предупредуваат активистите.
На најголем ризик се изложени градежниците.
Во градежништвото има прекршување на многу протоколи за безбедност. Има многу смртни случаи. Исто така гледаме и многу случаи на топлотни бранови – работниците работат на температури повисоки од 50 степени Целзиусови, без пауза, без вода, без сенка“, вели вработена во организација заштита на човекови права.