Јајцата поскапеле за 5 до 10 отсто, маслото до 5 проценти. Ова е констатирано во контролите кои изминативе седум дена ги направиле инспекторите од Државниот пазарен инспекторат.
Од инспекторатот велат дека ова зголемување е поради растот на цената на суровините на светските берзи.
Од пазарна констатирале дека за околу 15 отсто е поскапено и суровото масло, а зголемување е забележано и кај сојата и пченицата. Од пазарниот инспекторат велат дека трговците, барем засега, добиле уверување од производителите дека нема да има поместување кај нивните цени.
Се очекува контролите на инспекторатот да продолжат и во следните две до три недели.