На крајот на јуни 2025 година, официјалните девизни резерви на државата достигнаа вредност од 4.697,6 милиони евра, што претставува зголемување од 6,5 милиони евра во споредба со мај, соопшти Народната банка.

Според структурата на резервите, најголемиот дел – 75,7% – се пласирани во хартии од вредност. По нив следуваат монетарното злато, кое учествува со 13,2%, и валутите и депозитите со 11%.

За споредба, на крајот на мај девизните резерви изнесуваа 4.691,1 милион евра, а во  јуни минатата година, официјалните девизни резерви изнесуваа 4.337,5 милиони евра.