Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 остануваат непроменети во однос на одлуката од 25.08.2025 година. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 75,00 ден/лит, а на ЕУРОСУПЕР БС-98 77,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за 0,50 ден/лит, па малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ изнесува 68,50 ден/лит, додека цената на ЕЛ-1 е 68,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,128 ден/кг, достигнувајќи 38,393 ден/кг.