Цените на становите во Скопје го достигнаа плафонот од 3.000 евра квадратен метар, се очекува стабилизација со зголемувањето на понудата која би требало да се изедначи со побарувачката…

Откако цените на становите во Скопје го достигнаа плафонот од 3.000 евра квадратен метар, се очекува стабилизација со зголемувањето на понудата која би требало да се изедначи со побарувачката. Веќе една година се огласуваат исти станови, велат градежниците.

Апелираат граѓаните да бидат внимателни кога купуваат, бидејќи дел од нив и по пет години не можат да се вселат.

Но, не само нашите граѓани, за станови во Скопје заинтересирани се и странски инвестициски фондови.

По најавата на гувернерот Славески дека дански фонд има купено 40 станови, во згради во изградба на територијата на Скопје, недалеку од Центарот од градежната комора откриваат дека има и други заинтересирани странски инвестициски фондови. Очекуваат дека конечно ќе се одвои квалитетот од неквалитет.

Се зголемува интересот за станови во Маџари, Хиподром, Илинден каде цената од 700 е зголемена на 1.200 евра по квадратен метар, но двојно пониска од Аеродром и Карпош каде достигнува до 2.000 евра по квадратен метар и Центар до 3.000 евра по квадратен метар.

Се зголемува изложеноста на станбени кредити на граѓаните, која според податоците на НБРМ на крајот на 2025-та година изнесувала 1,5 милијарди евра.