Според анкета на Американската трговска комора во ЕУ (AmCham EU), 46% од американските компании што работат во Европа очекуваат влошување на трансатлантските економски односи. Иако бројката е висока, таа е значително пониска во споредба со јануари, кога 89% имале негативни очекувања.
Анкетата е спроведена меѓу 52 компании членки на AmCham EU, меѓу кои Apple, Goldman Sachs, Meta и Visa.
Дел од подобрувањето во перцепцијата доаѓа по трговскиот договор меѓу САД и ЕУ, постигнат во јули, кој ги укинува речиси сите царини на американски производи во ЕУ, додека САД воведуваат 15% тарифи на повеќето европски производи.
AmCham EU оцени дека договорот „спречил невидена штета“ врз трговијата и инвестициите, иако компаниите и понатаму изразуваат загриженост за политиките од двете страни на Атлантикот.
И покрај договорот, 60% од компаниите очекуваат негативно влијание од американските политики, а 56% од европските. Најголем приоритет за фирмите останува намалување на царините, како и адресирање на нетарифни бариери како правилата за дефорастација и синџири на снабдување, заедно со поголема соработка и усогласување на стандардите.
Влијание врз пазарите