Во Соединетите Американски Држави рекорден број луѓе ги напуштиле своите работни места во септември.
Според Министерството за труд, речиси 4,4 милиони луѓе, или 3% од вкупната работна сила, ги напуштиле своите работни места во септември. Ова е најголемиот број откако владата води статистика.
Најголем дел од луѓето што заминале од работа се од областа на уметноста, забавата и рекреацијата, како и од областа на училишното образование.
Речиси насекаде во продавниците се огласуваат слободни работни места, а големите компании бараат да ангажираат работници.
Бројот на слободни работни места за истиот период (септември) изнесува 10,4 милиони, бројка блиска до таа во август и нешто помала од рекордните 10,9 милиони слободни работни места во јули.
Кризата со недостиг на работна сила и економско закрепнување е главно поврзана со потребата од зголемување на платите. На многу места, платите на работниците стагнираат многу години пред пандемијата.
Податоците на Министерството за труд покажуваат дека просечната саатница на сите вработени во угостителските објекти дури сега се искачила на рекордни 17,58 долари.
Вкупната стапка на невработеност и натаму останува висока.
Во октомври невработените беа 4,6% наспроти 3,5% во февруари 2020 година.