Иако Германија ветува стабилност, работа и еднакви можности, голем број мигранти сведочат дека се чувствуваат исклучени и неприфатени во општеството, па сѐ повеќе од нив размислуваат да заминат.

Ова го покажува и новата студија на Институтот за истражување на пазарот на трудот (IAB), според која секој четврти мигрант планира да ја напушти Германија.

И покрај добрата економија и социјалниот систем, проблемите со интеграцијата, бирократијата, високите даноци и перцепираниот расизам ги туркаат луѓето да бараат живот на друго место. Според експертите, Германија се соочува со сериозен предизвик да ја одржи отвореноста кон мигрантите, без да создаде тензија кај домашното население.