Американскиот претседател Доналд Трамп вчеравечер соопшти дека САД се наоѓаат во финалната фаза од процесот за постигнување трговски спогодба со Кина.
Меѓутоа, според зборовите на американскиот претседател, САД ќе воведат непосредни тарифи за голем дел од останатите земји во светот.
Обраќајќи се на настан посветен на вештачката интелигенција во Вашингтон, Трамп потврди дека американската влада е во интензивни трговски разговори со Европската Унија.
Американскиот претседател објави дека САД ќе постават намалени давачки за ЕУ доколку европскиот пазар стане подостапен за американските фирми. „мс/фото: ЕПА архива“.