- Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша двојно зголемување на царините за увоз на челик и алуминиум од 25% на 50% за да ја заштити домашната индустрија. Наредбата стапува на сила веднаш.
- Од новите тарифи нема да биде погодена само Британија, единствената земја што досега склучи привремен трговски договор со САД.
- Најзагрозена на новите царини е Канада, која е извезува најмногу алуминиум во САД, два пати повеќе од десетте други водечки земји заедно.
- Денеска завршува и рокот што Трамп им го постави на сите земји во светот да ги испратат своите „најдобри понуди“ за билатерални трговски односи со САД: за тарифи, квоти за увоз, отстапки во регулативите и гаранции за дигитални услуги. Ако не бидат склучени договори најдоцна до 8 јули, ќе важат „реципрочните тарифи“ што Трамп ги објави на 9 април.