СДСМ реагира на новото законско решение кое го подготви Владата за линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари во септември и март.
Со ова решение, смета опозицијата, Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.
СДСМ тврди: Владата им подготвува историска измама на пензионерите

СДСМ реагира на новото законско решение кое го подготви Владата за линеарно зголемување на пензиите по 1.000 денари во септември и март.
Со ова решение, смета опозицијата, Владата практично ги излажала и им ускрати од пензиите на пензионерите двапати.
Тие пресметале колку губат пензионерите.
,,Според сегашниот закон кој го донесе СДСМ, пензиите се усогласуваат двапати годишно — во март и септември — врз основа на растот на платите и трошоците за живот. Ако Владата не го менуваше законот и се водеше по услогласувањето, пензиите во септември ќе се зголемеа за околу 5%.
За пензија од 20.000 денари зголемувањето ќе беше 1.000 денари, исто како што сега со линеарното зголемување.
Но за пензија од 25.000 денари, пензионерите би добиле 1.250 денари, а со новото решение добиваат помалку, само 1.000 денари.
За пензија од 30.000 денари, наместо 1.500 денари, добиваат помалку.
За пензија од 40.000 денари, наместо 2.000 денари, повторно добиваат двојно помалку, само 1.000.
И така редоследно секој пензионер губи од пензијата.
Според нашите точни пресметки, огромни 92,5% од пензионерите, односно над 318.000 луѓе, се оштетени со ова линеарно зголемување и ќе земаат помалку од тоа што им следува по закон.
Само 7,5% од вкупниот број на пензионери ќе добијат нешто и тоа помалку од заслуженото“, тврдат од СДСМ.
Адвокатот Валентин Пепељуговски предлага, Владата како што сака линеарно да ги зголеми пензиите, да донесе Закон со кој покачувањата за државните службеници и за сите функционери исто да биде линеарно.