Германската економија ќе излезе од тригодишната криза следната година, проценува германскиот институт ИФО.

Експертите на ИФО предвидуваат дека во 2026 година, германскиот домашен  бруто производ (БДП) ќе порасне за 1,5%. Тоа е речиси двојно повеќе од 0,8 проценти првично предвидени за следната година, објави Тагешау.

Институтот, исто така, малку ја зголеми својата прогноза за годинава, од 0,2 на 0,3%. Се предвидува оваа година инфлацијата да изнесува 2,1%, додека следната година да биде околу 2%.

Според проценките на експертите, една од причините за очекуваниот раст е финансискиот пакет на новата влада. Економскиот ефект од најавените инвестиции, намалувањето на даноците и зголемената потрошувачка ќе изнесува околу 10 милијарди евра оваа година, а дури 57 милијарди евра во 2026 година.

И Институтот за светска економија Кил (IfW) исто така предвиде раст на германската економија од 1,6% следната година.