Во тек е креирањето на мерките со кои Владата би им излегла во пресрет на граѓаните за високите цени на прехранбените производи во маркетите. Kако што рече вчера премиерот Христијан Мицкоски, екипи на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) и Комисијата за заштита од конкуренција се постојано на терен, а покренати се дури и одредени постапки.
-Мерките се во тек, а тоа што не правиме естрада од политиките што ги водиме не значи дека не се грижиме. Секојдневно ДПИ и Комисијата за заштита од конкуренција се на терен, дури има одредени постпаки што се почнати и покренати – истакна Мицкоски.
Тој потсети дека пред почетокот на учебната година се воведе т.н. училишна кошничка со која се намалија цените на голем дел од производите што ги користат учениците.