Според последното истражување на јавното мислење на порталот МКД.мк, спроведено од агенцијата Маркет Вижн, македонските граѓани се изразито против покачување на платите на судиите и јавните обвинители.
Одговорите покажуваат дека 73,6 отсто од испитаниците сметаат дека судиите и обвинителите не заслужуваат зголемување на нивните месечни примања, додека само 14,8 отсто сметаат дека повисоките плати се оправдани. Најголем дел од граѓаните оценуваат дека покачувањето на платите нема да придонесе за подобрување на состојбата во македонското правосудство.
Истражувањето било спроведено од 25 ноември до 6 декември 2025 година со CAТI метод – телефонско анкетирање со помош на компјутер, на примерок од 1.200 испитаници.
Резултатите ја потврдуваат недовербата на граѓаните кон правосудниот систем и укажуваат на потребата од реформи и зголемена одговорност во судството.