Сојузот на синдикати премета дека на едно четирчлено семејство за живот во јули му се потребни 65.328 денари. Според тоа, синддикалната кошничка во јули во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари.
Според синдикатите, делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари.
– Од податоците на синдикалната минимална кошница евидентно е дека откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20 отсто, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25проценти , се вели во соопштението на синдикатот.
Од синдикатот пресметале и дека ако четиричленото семејство треба да живее во изнајмен стан, тогаш за да го помине месецот ќе му требаат 80.703 денари.