Швајцарските министри се во Вашингтон, со цел да ги намалат царините од 39 проценти на американскиот претседател Доналд Трамп – највисоки во Европа – врз американскиот извоз.
Првичните обиди на швајцарската претседателка Карин Келер-Сутер да влијае врз Трамп беа неуспешни, но неодамнешната посета на швајцарска делегација на Белата куќа на 4 ноември се чини дека ги промени работите.
Разговорите со швајцарските министри беа „многу позитивни“ и „многу конкретни“, изјави висок функционер на американската администрација.
Швајцарија со месеци се обидува да ги укине царините, кои сериозно ѝ штетат на нејзината економија.
„Убава жена, но таа не сакаше да слуша“, беше одговорот на Трамп на апелот на швајцарската претседателка.
Неодамнешната иницијатива на швајцарските бизнис лидери беше малку понеконвенционална – тие дојдоа во Овалната соба на Белата куќа со подароци.
Меѓу нив беше златен часовник Ролекс и специјално гравирана златна прачка од МКС, еден од најголемите производители на злато во светот.
Набргу потоа, Трамп рече дека е во тек договор за „мало намалување на царините“, иако не ја прецизираше стапката на намалување, пренесува БиБиСи.