Иако швајцарската претседателка Карин Келер-Сатер на мајскиот состанок со американскиот секретар за трговија, Скот Бесент, ја напушти просторијата со насмевка и наводно ветување дека Вашингтон ќе воведе царина од 10 проценти на Женева, а не 31 процент, како што објави американскиот претседател Доналд Трамп на „Денот на ослободувањето“, Соединетите Американски Држави на крајот воведоа царина од 39 проценти на Швајцарија – четврта највисока во светот, зад Сирија, Лаос и Мјанмар.

Келер-Сатер го повика Трамп непосредно пред 1 август – крајниот рок за заклучување на трговските преговори меѓу САД и Швајцарија – но разговорот не вроди со плод.

Швајцарскиот весник „Блик“ ја прогласи високата царина, една од најголемите во Европа, за најголем пораз на Швајцарија од оној против Франција во Битката кај Марињан, која се одржа во 1515 година.

Некои швајцарски политичари тврдат дека Женева се однесувала премногу строго во преговорите со Вашингтон, додека други – пресервилно.

Оние кои не се склони кон преувеличување веруваат дека Швајцарија е едноставно премала земја и дека Трамп не можел да го постигне капитален договор како што го посакувал со неа.

Би-Би-Си пишува дека не е познато колку пати се сретнале швајцарската и американската делегација.

Швајцарските власти сега тврдат дека каменот на сопнување во преговорите бил трговскиот дефицит на Швајцарија со САД. Трамп ги гледа трговските дефицити како проблем што САД мора да го решат (повеќето економисти не се согласуваат со него), па затоа решил да ги реши со царини. Тој верува дека царините ги штитат американските производители – компании кои со децении бележат пад затоа што странските конкуренти ги „превземаат“ нивните соработници и клиенти.

Трговскиот дефицит на САД со Швајцарија изнесувал 47,4 милијарди долари во 2024 година. Кога во пресметката се вклучени услужните дејности, дефицитот се намалува на 22 милијарди долари.

Швајцарија извезува повеќе во САД отколку што увезува, првенствено фармацевтски производи, златен накит, часовници и машински алати.