Швајцарија одржа конструктивен состанок за царината со американски претставници во Вашингтон, изјави швајцарскиот министер за економија, Гај Пармелен. Стапката на царините за извозот на швајцарските производи  од 39 отсто во САД  е значително повисока отколку во Европската Унија, која релативно лесно се справува со царинска тарифа од 15 отсто.

Како што објави тој на социјалната мрежа,  Швајцарија гледа добри можности за двете земји и сака да го зајакне партнерството.

Пармелен се сретна со американскиот секретар за трговија, Хауард Лутник, министерот за финансии, Скот Бесант, и трговскиот претставник Џејмисон Грир, објави Swissinfo.ch.

Како што е наведено, разговорите се дел од втората рунда преговори во царинскиот спор со САД.

Царинската политика на САД особено силно ја погодува Швајцарија, а стапката од 39 проценти е значително повисока отколку во ЕУ, која, како што е оценето, е релативно лесно да се справи со царинска тарифа од 15 проценти.