Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека, откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари…
Синдикалната кошница во јули изнесува 65.328 денари – пресмета Сојузот на синдикати. Во однос на претходниот месец е поскапа за 630 денари. Делот кој се однесува на храна и пијалоци овој месец е за 515 денари повисок од претходниот и изнесува 23.682 денари.
Од податоците на Синдикалната минимална кошница евидентно е дека, откако завршија активните владините мерки, вредноста на синдикалната минимална кошница за три месеци е зголемена за 2.637,00 денари односно за 4,20%, додека кај храната и пијалоците за три месеци има зголемување за 2.202,00 денари односно за 10,25%, се вели во соопштението на Синдикатот.