И по повеќе од еден месец по организирањето на протестите на Први мај, сè уште не е познато што ќе се случи со барањето за зголемување на минималната плата на 500 евра, вели првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов…
И по повеќе од еден месец по организирањето на протестите на Први мај, сè уште не е познато што ќе се случи со барањето за зголемување на минималната плата на 500 евра, вели првиот човек на ССМ Слободан Трендафилов. Според него досега не се преземени конкретни чекори кон решавање на ова прашање, иако претходно го доставиле предлогот за минималната плата до пратениците, кој предвидува покачување за 6.000 денари и линеарно зголемување на сите други плати во јавниот и приватниот сектор.
Претседателот на УПОЗ, Трпе Дејановски, смета дека ова зголемување сепак ќе мора да почека, бидејќи ниту една од понудите што ги дале за да се постигне зголемувањето и да се минимизираат финансиските импликации за буџетот или приватниот сектор не е прифатена со искреност, вели тој.
Синдикалците го оправдуваат барањето за зголемување на минималната плата за најмалку 6.000 денари со зголемувањето на трошоците за живот.
Ставот на извршната власт за ова е дека сè би било прифатливо за Владата доколку синдикалците и работодавците се согласат и постигнат договор.