Нови ценовни шокови на нафтата не се очекуваат и покрај  американските санкции кон Русија вели гувернерот Трајко Славески.Во однос на инфлацијата проекциите на Народната банка предвидуваат намалување на помалку од 4 проценти до крајот на годинава, а таргетот за следната година е инфлацијата да се спушти  под 3 проценти.

Стратегијата на Народната банка е следниот период да биде воведен нов систем за инстант плаќања според стандардите и правилата за работа на европскиот систем ТИПС, што воедно е регионална иницијатива за поврзување на платните системи на земјите од Западен Балкан и нивна интеграција со европскиот инстант платен систем.

На 7 октомври годинава, банките од Македонија, заедно со Албанија, Црна Гора и Молдавија, започнаа со извршување трансакции преку СЕПА, што претставува конкретен чекор кон финансискo и економско приближување со Европската Унија.Според проценките на Светската банка, постигнувањето на светската цел за намалување на трошоците за дознаки на 3% би придонело за заштеда до 500 милиони евра годишно за граѓаните во регионот на Западен Балкан.

,,СЕПА носи супер резулати за економиите. Во Црна Гора имаме заштеда од 14 милиони кои остануваат во џебовите на граѓаните и работниците.Значи наместо скоро 74 еу денеска црногорските граѓани плакаат само фрагмент или помалку од 2 евра за трансакции кои се до 20 илјади евра ” вели Ирена Радовиќ гувернер Централна Банка Црна Гора .

Очекувањата за поголема брзина во процесите на плаќање, поголема отпорност, поголема транспарентност, вклученост и безбедност на процесите се предизвиците за кои  се разговара во рамки на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура што во организација на Народната банка се одржува во Охрид.