Над 60 илјади денари се неопходни за едно семејство да може скромно да го преживее месецот, децидни поголем дел од граѓаните во Штип. Велат високие сметки, цените на храната и пијалоците – одземаат наголем дел о дпримањата. Ако дополнително во семејството има ученик или студент во тој случај трошоците се многу поголеми, па едвај се преживува месецот со илјада евра. За штедење нема простор, бидејќи не остануваат пари.

„Од 50 до 60 илјади денари и тоа да живееш скромен живот, не оноа да живееш луксуз. Оти имаш 10 до 12 илјади денари за сметки. А тие што немаме не земаме се што треба.“ – велат граѓаните.

Согласно пресметките на ССМ Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.

Податоците на Сојузот на синдикати кој ја изработува синдикалната минимална кошница покажуваат дека за храна и пијалоци се потребни 23.534 денари, а за режиски трошоци 6.130 денари.

Во споредба со октомври кога за минимални месчени трошоци биле потребни 65.544 денари има намалување од 371 денар.