Со 3 нови обврзници Владата планира да го реализира 5 годишниот План за забрзан економски раст. За инвестиции во зелената агенда, патната инфраструктура, односно Коридорот 8, како и за други капитални добра, наредната година ќе издаде зелена, развојна и проектна обврзница. Колку пари очекува да се соберат, министерот за финансии, не открива – Вели дека финансиите ќе зависат од буџетските потреби секоја година, но уверува дека задолжувањето нема да расте.
Првата половина од наредната година ќе има промени во даночната политика, но според Бесими, тоа не значи дека ќе се воведуваат нови даноци, освен предложениот еколошки данок од 3,5 денари за горивата, кој заглави во Собранието. Инаку за да се забрза растот, ќе се креира и зелен инвестициски фонд. Според него, државата ќе вложи 70 милиони евра, кои ќе поттигнат 750 милиони евра инвестиции и ќе отвори над 15,000 работни места.
Инаку, во Планот за економски раст, државата од буџетски средства и кредити планира да вложи 4 милијардаи евра, кои ќе привлечат 8 милијади евра приватни инвестиции, ќе го забрзааат економскиот раст , е креираат над 156 илјади работни места и ќе го намалат јавниот долг под 60% од БДП.