Државниот долг на Србија на крајот на месец мај годинава достигна 38,77 милијарди евра, што претставува 44 проценти од бруто домашниот производ (БДП), објави Министерството за финансии.
Во текот на април, државниот долг беше приближно 38,70 милијарди евра, односно 43,9 проценти од БДП.
На крајот на 2024 година, државниот долг на Србија изнесуваше околу 38,9 милијарди евра, или 47,2 проценти од БДП, што укажува дека за период од пет месеци апсолутниот износ останал речиси ист, но во однос на уделот во БДП се намалил за нешто повеќе од три проценти.