Живееме како сиромашни работници со богати газди и со уште побогати во Владата. Синдикалниот лидер Слободан Трендафилов со повик до работниците – да го подржат утрешниот протестен марш на ССМ за зголемување на минималната плат од 600 евра и за зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари.
Ве повикуваме да ги поддржите вашите семејства, вашите деца и внуци, да излезете на улица и да им покажете на власта – дека сакате вашата плата да се зголеми, порача Трендафилов.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека протестот во сабота организиран е формално од ССМ, а логистички и технички од СДСМ.
Пратеникот Бране Петрушевски – изјави дека главните лица за контакт од општините кои го организираат утрешниот превоз до Скопје – се луѓе на СДСМ.
Од СДСМ пак цеалт дека власта мора да скрати од својот луксуз, оти во буџетот има ставки од каде што може да се обезбедат пари за 600 минимална плата.
Партиите не за загрижени за социјалниот статус на работниците вели Трендафилов – коментирајќи ги партиските препукувања и предлози за минималната плата.
Протестот ќе започне во 12 часот и 5 минути од пред Работничкиот дом. Ќе продолжи пред Собрание, Стопанската комора, а ќе заврши пред Владата.
Премиерот Мицковски го повтори ставот дека дека адресата пред Влада е погрешна и за минималната плата треба да се договорат работниците и работодавачите.