Стапката на невработеност во ЕУ и Еврозоната во јули годинава покажува позитивни трендови, но жените сè уште се соочуваат со поголеми предизвици во однос на стапката на вработување. Според податоците на Евростат, стапката на невработеност во ЕУ изнесувала 5,9 отсто, додека во Еврозоната беше нешто повисока со 6,2 отсто.

Иако невработеноста на младите во ЕУ и Еврозоната се намали за 0.4 проценти во однос на претходниот месец, останува загрижувачка со 14,4 проценти во ЕУ и 13,9 отсто во Еврозоната. Во јули, бројот на невработени млади лица во ЕУ се намалил за 81 илјада, а во Еврозоната за 64 илјади.

Кога се разгледува стапката на невработеност кај жените, ЕУ бележи 6 отсто, дури и со намалување за 0,1 процентен поен од претходниот месец, додека кај мажите таа останува непроменета на 5,8 проценти. Во Еврозоната, невработеноста кај жените е 6,4 отсто, што е за 0,1 процентен поен помалку од јуни 2025 година.