Зоран Ставрески и Трајко Славевски се најсериозни кандидати за нов гувернер на Народната банка, по истекот на мандатот на актуелната гувернерка Анита Бежоска-Ангеловска на 22 мај.
Според внатрешната анкета на ВМРО-ДПМНЕ, прв на листата е Ставрески, а зад него Славевски.
За функцијата се споменуваат и други кандидати, вклучувајќи ја и Маја Кадиевска Војновиќ, член на Надзорниот одбор на КИБС и Стопанска банка Битола.
Предлогот за нов гувернер треба да биде доставен до Собранието од страна на претседателката Гордана Силјановска-Давкова.