Сушата го зема данокот кај родот на тутунот и ќе го намали родот за 30 до 40 проценти. Во меѓувреме донесени се измени во законот за тутун со кои е забранет увоз додека трае откупот…
Јусуф Ибраими, тутунопроизводител од Доненско го зголемил производството. Очекувал 5 тони род, но поради сушата, задоволен ќе биде ако собере 3 тони тутун.
По речиси три месеци без дожд, родот на тутунот годинава за 30 до 40 проценти ќе биде помал, проценуваат од Сојузот на земјоделските здруженија. Наместо предвидените 26.000 тони поради зголемените површини и договори, сушата ќе донесе 18.000, најмногу 19.000 тони тутун.
Неодамна Собранието ги донесе измените во Законот за тутун. Забранет е увоз додека трае откупот.
Тутунопроизводството останува главна земјоделска гранка во прилепско.