Светскиот економски форум (World Economic Forum) во Давос почнува денеска и ќе трае до 23 јануари 2026 година.
Ова е 56-тата годишна средба на форумот, која се одржува во Давос-Клостерс, Швајцарија под мотото „Во духот на дијалог“, со учество на глобални лидери од политиката, бизнисот, технологијата и граѓанското општество.
Светскиот економски форум во Давос ги обединува светските политички и бизнис лидери, експерти и претставници на граѓанското општество за да разговараат за најважните глобални предизвици. Главните теми се насочени кон зајакнување на меѓународниот дијалог и соработка, поттикнување одржлив економски раст, инвестиции во луѓето и вештините на иднината, како и одговорно користење на новите технологии, особено вештачката интелигенција. Значаен фокус е ставен и на климатските промени, енергетската транзиција и обезбедување просперитет во рамките на планетарните граници, во услови на зголемени геополитички и економски ризици.