Со инвестициската “револуција“ на локално и на централно ниво, и во јавниот и во приватниот сектор, најавена со мега заеми од Унгарија и од Велика Британија, треба да ги “асфалтираме патиштата“, да им дадеме достоинство на пациентите, да ја дигитализираме администрацијата за да не мораме повеќе да се наведуваме – под шалтерот…

Колку позајмуваме и за што ги трошиме парите?

За разлика од политиката која дозволува вербална импровизација, економијата е егзактна наука – бројки.

Јануари – оваа економска година почна со заем од 1 000 000 000 евра ( една милијарда евра) кои се обезбедија од две одделни Еврообврзници. Дел од овие пари, 700 000 000 евра се искористија за враќање на  доспеан долг исто така по основ на Еврообврзница што беше издадена во 2020 та година. На владата и “остана кусур“ од цели 300 000 000 евра – за буџетски тековни потреби.

Февруари – и овој месец почна со најава за нов заем од 300 000 000 евра – Владата го задолжи Минситерството за финансии да го обезбеди овој финансиски пакет на меѓународниот пазар. Образложението за ова ново задолжување, повторно,  буџетски тековни потреби.

Задолжувања на домашен терен –  во првиот квартал од годинава, значи во јануари, февруари и март се спроведуват  вкупно 6 задолжувања преку државни хартии од вредност односно се зама заем од “домашни кредитори“, а овие пари се користат за враќање на досепани долгови – исто така кон домашните кредитири. Ова значи дека старите долгови ги “решаваме“ со нови. На крајот од јануари годинава – државата на домашните финансиери им должела фантастични 4 310 000 000 евра !

Дополнително од сите овие заеми –  државата се задолжува со 40 000 000 евра кај Кредитната банка за обнова – КфВ, за финансирање на втората фаза од Проектот за енергетски ефикасна рехабилитација на студентски домови и објекти за ученици и студенти со попречености – и ова е еден од заемите за кој се презицира дека е за “инвестиција“.

Заем од уште  40 000 000 евра од една домашна деловна банка, со кратко образложение “финансирање на буџетските потреби“.

Економската наука вели дека секој задолжен денар – треба да се “оплоди“ доволно за да го покрие задолжувањето и да има “додадена вредност“ за развој економијата. Дали овие мега позајмени суми  ги “читаме“ или “ќе ги читаме“ во економскиот раст?  За годинава тој е проектиран на 3,8% , прогноза која во однос на првичната од 4% е “стопена“ во Ревидираната фискална стратегија. За 4% раст на БДП ќе ги чекаме  2027 , 2028, 2029 та … Според истиот документ, Јавниот долг годинава ќе изнесува 62% во однос на БДП ( намален за 0,5 п.п во односна првичната прогноза), или скоро 11 000 000 000 евра. Намалување под 60% се очекува во 2029 та.

Точно е дека и за годинава владата планира стеснување на буџетскиот дефицитот на 3%, како заложба за дисциплинирано и наменско трошење на јавните пари.   Колку оваа зацртана цел ќе ‘издржи“ до крајот на годината допрва ќе анализираме ..

Одржувањето на стабилност на  должничка позиција на државата  веќе станува предизвик. “Во наследство ни оставија големи долгови“ – често повторувана реченица од сегашна Влада. Но, и оваа Влада веќе го пишува својот “Тестамент на долгови“ за овој мандат. Така, првата Еврообврзница од 500 милиони евра доспева за 4 години, втората Еврообврзница за 8 години, 40 милиони евра од германската КФВ треба да се вратат по 15 години, а  Унгарскиот кредит од 1 милијарда евра  ќе го врќаме по дури 18 години ( со вклучени 3 години  грејс период) …

Д.А.

 

Извор: БизнисИнфо.мк