Сојузот на синдикати со право е гневен на Трајко Славевски, пуленот на Мицкоски и Груевски кој со години јавно се бори минималната плата да престане да расте. Во својот последен настап на телевизија, Славевски и ВМРО-ДПМНЕ повторно отворено застанаа против растот на минималната плата, во услови кога работниците се соочуваат со раст на цените заради глобалната криза и покачени сметки заради енергетската криза.
ВМРО-ДПМНЕ е партија која е против работниците, тоа го докажале многу пати во минатото. Во времето на Славевски како министер за финансии, минималната плата беше 8000 денари а тој нашата земја ја промовираше како инвестициски рај каде работниците работат евтино. Тој и Груевски беа единствените кои никогаш не застанаа на страна на работниците туку ги штитеа олигарсите додека ги полнеа партиските џебови на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ. ВМРО-ДПМНЕ сеуште е најбогатата партија во Европа, а Славевски живее комотно со дебели примања, но смета дека за работниците не треба покачување.
СДСМ ќе продолжи да ја покачува минималната плата и да го води дијалогот со синдикатите и коморите. За само четири години минималната плата се покачи за повеќе од 6000 денари и ќе продолжи да расте. Во услови на криза, клучно е државата финансиски да ги поддржи граѓаните.