• Американските компании кои ќе сакаат да ангажираат високо-стручни лица од странство ќе мора да платат 100.000 за нивна виза од типот Х-1Б.
  • Овој тип виза им овозможува на компаниите да спонзорираат странски работници со специјализирани вештини – како што се научници, инженери и компјутерски програмери – првично три години, со можност за продолжување до шест години.
  • Трамп е од оние критичари на визниот систем кои долго време тврдат дека H-1B ја потценува американската работна сила, додека поддржувачите – вклучувајќи го и милијардерот Илон Маск – тврдат дека тоа им овозможува на САД да привлечат врвни таленти од целиот свет.
  • Истовремено, Трамп потпиша и указ за нова „златна картичка“ за забрзување на издавањето виза за траен престој во САД,  по цени што почнуваат од 1 милион долари.