Американскиот претседател Доналд Трамп предложи САД да го сопрат увозот на кинеско масло за готвење, како одговор на трговските несогласувања со Пекинг.
Во соопштение на платформата Трут Соушл, Трамп изјави дека САД можат “лесно” да произведат свое сопствено масло и нема потреба да го набавуваат од Кина.
Тој го критикуваше Пекинг дека намерно одбива да купува американска соја, со што предизвикува тешкотии на американските земјоделци. “Кина одамна престана да купува американска соја, што претставува голем удар за земјоделскиот сектор.”
Во исто време, САД им го ограничија на кинеските компании пристапот до софистицирани компјутерски чипови, клучни за развојот на вештачката интелигенција.
Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг се очекува да се состанат на самитот на АПЕК во Јужна Кореја кон крајот на октомври. Американскиот министер за финансии Скот Бесент потврди дека средбата останува на агендата, иако Трамп претходно изрази сомнеж дека ќе се реализира.