Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека наскоро ќе бидат испратени писма со кои помалите земји ќе се информираат за новите американски царински стапки, додавајќи дека неговата администрација веројатно ќе воведе царини од „малку повеќе од 10 проценти“ на овие земји.
Трамп, разговарајќи со новинарите по пристигнувањето од настан во Питсбург, рече дека е многу задоволен од „едноставните договори“ што веќе се објавени за воспоставување општи царини за повеќе од 20 земји, јавија британските медиуми.
„Наскоро ќе објавиме писмо каде што ќе зборуваме за многу земји што се значително помали. Веројатно ќе ставиме една царина на сите нив… Веројатно малку над 10 проценти“, рече тој.
Неодамна (7 јули), тој потпиша извршна наредба со која се пролонгира стапувањето во сила на така наречените реципрочни американските царини до 1 август.
Новите стапки се пониски од одложените реципрочни царини што Трамп ги објави на почетокот на април – 37 проценти за Србија и 35 проценти за Босна и Херцеговина и сега изнесуваат 35 насто за Србија и 30 проценти за БиХ. Набрзо ги одложи тие царински давачки за 90 дена.
Тој најави царини од 25 проценти за Јапонија, Јужна Кореја, Малезија и Казахстан, 30 проценти за Јужна Африка, 32 проценти за Индонезија, 35 проценти за Бангладеш, 36 проценти за Камбоџа и Тајланд и 40 проценти за Лаос и Мјанмар.