Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, Барбара Садовска, финансиран од ЕУ, денеска имаа средба на која констатираа дека заштитата и помошта од институциите е клучна во поддршката на социјалното претприемништво преку кое ранливите групи добиваат шанса да се вклучат во заедницата.
Тренечевска, како што соопшти МТСП, рекла дека институциите покажаат кохезија и соработка во овозможувањето на условите за работа се со цел да се намали нееднаквоста.
Тим лидерката на проектот на „Поттикнување на социјалното претприемништво“, пак, истакнала дека суштината на проектот е да биде воспоставена институционалната поддршка за која наскоро очекува законско решение кое ќе овозможи одржливо решение.
-Социјалното претприемништво и претпријатија им овозможуваат на локалните заедници поуспешен развој. Законската легислатива им е потребна за да можат социјалните претпријатија успешно да работат и да имаат инклузивна улога во вклучување на ранливите групи во локалните заедници, рекла Садовска.
Минатата година во август Владата ја усвои Националната стратегија за социјалните претприемништво 2021 – 2027 година, со двегодишен акциски план 2021-2023 година.