Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, ја напуштил седницата на Економскио-социјалниот совет, што денеска се одржува во Владата. Причината за напушатањето, како што соопшти Трендафилов на неговиот Фејсбук профил, е незадоволството од износот на усогласувањето на минималанта плата. Како што претходно беше најавено, теми на седницата на ЕСС се минималната плата и владината потрошувачка кошница.
„Денеска, на мала врата пробаа да утврдат усогласување на минималната плата за околу 1.600 во што ССМ нема мандат да учествува и ја напушти седницата на ЕСС. Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми. За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март!“, објави Трендафилов на Фејсбук.