Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов го повика премиерот Христијан Мицксоки на средба во понеделник за да го потпише колективниот договор за зголемување на сите плати на работниците.
Доколку Mицкоски не се појави во домот на работниците, синдикалците ќе организираат парализирање на главните сообраќајници во Скопје, предупреди Трендафилов.
– Го повикувам претставникот на владата, во понеделник во 9 часот, да дојде во ССМ да се потпише колективниот договор со кој се зголемуваат платите на сите вработени за сите 40% како што пишува во соопштението и исто така наместо во 2028 година да ја зголемиме платата од февруари 2026 година. Наредната недела како што најавивме на големиот протест ќе започнеме со блокади, пратениците во Собранието ќе бидат првите што ќе ги блокираме бидејќи тие цела година не блокираат и го чуваат законот во фиока и не сакаат да ги зголемат платите на работниците.
Премиерот Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ќе ја прифати поканата на ССМ и дали ќе го потпише колективниот договор за покачување на сите плати. Рече дека Владата ги има регулирано платите со своите вработени од државната администрација и ги обвини синдикатите дека не сакале да го прифатат условот на Владата за тргање на делот кој ги регулира платите во општиот колективен договор.
– Ние имавме еден услов, рековме во колективниот општ договор, делот кај што стојат платите да го избришеме и во овој период од 3 години да го препреговараме. Имаме доволен период од три години за да постигнеме договор а во овој период од три години имаме колективен договор, имаме 95% од вработените кои се дел од одговорностите на Владата која е работодавач и со тоа Владата си ги регулира односите со своите вработени до 2028 и со тоа ние сме завршиле и остануваат овие уште 7787 вкупно на број вработени од вкупната државна администарција. Ова не сакаше да го потпше ССМ, велеше вака како сега ние да се откажеме од општиот колективен договор во тој дел кога ние сме го потпишале со Тренческа.
Работниците и синдикатите пред два дена излегоа на масовен протест преку кој побараа линеарно зголемување на сите плати за 100 ева и минималец од 600 евра. Веднаш по протестот, лидерот на опозиоциската СДСМ, Венко Филипче најави дека ќе предложат законски решенија за покачување на минималната плата на но и за замрзнување на платите на функционерите.