Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, во телевизиско гостување најави дека во наредните десетина дена ќе излезе уште еден jавен повик од Програмата за рурален развој – тоа е популарно наречената мерка од минатото 50-50.
„Сите оние апликанти кои ќе набават приклучна механизација, трактори – тука ќе бидат вметнати и антифрост системите, системите капка по капка, истите ќе бидат кофинансирани со 50 проценти за набавената инвестиција“, рече министерот.
Трипуновски посочи и дека државата ќе учествува со 50 проценти од тоа што земјоделците, односно апликантите, ќе го набават како инвестиција.
„Сето ова е да помогнеме на нашите земјоделци за да го модернизираат своето производство“, истакна министерот Трипуновски.