Тројца кандидати влегоа во потесната трка за гувернер на Народната банка.Претседателката Сиљановска-Давкова одлучи да го одложи предлогот за челната позиција на институцијата за неколку дена. Мандатот на актуелната гувернерка завршува во четврток.

Предлогот за нов гувернер претседателката Силјановска Давкова ќе го поднесе деновиве до Собранието. Анита Ангеловска – Бежоска, Зоран Ставрески и Трајко Славевски, вели се сериозни кандидати со капацитет и искуство кои би придонеле за макроекономската стабилност, па затоа и се потребни уште неколку дена пред донесе конечна одлука.

Идниот гувернер треба да добие поддршка најмалку од 61 пратеник во Собранието, а неговиот мандат трае седум години. Мандатот на актуелната гувернерка истекува утре, но според членот 55 од Законот за Народна банка, актуелниот гувернер останува на функција додека не се назначи нов.

Во биографијата на Анита Ангеловска – Бежоска се вели дека има признанија од меѓународни институции за време на енергетската и инфлаторната криза. Под нејзино водство Македонија стана членка на Европскиот систем за прекугранични плаќања-СЕПА.

Зоран Ставрески, како што е познато, е поранешен министер за финансии, актуелен советник во Владата за банкарство со искуство во Светска банка.

Трајко Славевски е професор на Економски факултет, претседател на Советот на град Скопје и поранешен министер.

Гувернерот на централната банка не смее да е член на политичка партија или на синдикат во текот на доделениот седумгодишен мандат. Освен со обврските што ги носи оваа функција може да се занимава со универзитетски или научно-истражувачки активности, но не и во политиката според член 50 во кој се опфатени критериумите за избор на член на Советот на НБ од Законот за Народна банка на Македонија.

Од новиот гувернер се очекува внимателна и стратешка одлука што ќе ја задржи стабилноста на монетарната политика.