ТТК Банка АД Скопје ја информира инвеститорската јавност дека на 16 февруари ќе ги исплати обврските кон имателите на нејзината втора емисија корпоративни обврзници.
Според објавата на Македонска берза, банката ќе изврши исплата на главницата и годишната камата, која изнесува 2,7% на годишно ниво.
Известуваме дека ТТК Банка АД Скопjе ќе изврши исплата на главницата и годишната камата по каматна стапка од 2,7% на годишно ниво на имателите на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници ИСИН MKTTKS200020 и шифра TTKO2.
Исплатата на главницата и камата ќе се изврши на 16.02.2026 година.
Право на исплата на главница и камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница – втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 13.02.2026 година, стои во објавата на Македонска берза.