Турската рударска компанија „Ермаден“ откри наоѓалиште на злато во близина на градот Сивас во централниот дел на земјата, објави БТА, повикувајќи се на весникот „Туркије“.
Според првичните податоци, наоѓалиштето содржи злато со резерви од над 420.000 унци.
Една унца злато чини приближно 4.000 долари.
Вкупната вредност на златото во откриеното наоѓалиште во близина на Сивас е околу 1,7 милијарди долари.