Годишната стапка на инфлација во Турција се намали од 33,5 проценти во јули на 32,9 проценти во август, објави Турскиот институт за статистика (Туркстат).

Ова e најниска стапка од ноември 2021 година и петнаесеттиот последователен месец на забавување на потрошувачката инфлација во Турција.

Цените во транспортниот сектор се зголемија за 24,9 проценти на годишно ниво, во станбените и комуналните услуги за 53,2 проценти, во образованието за 60,9 проценти, во здравствените услуги за 36,6 проценти и во услугите во рестораните и хотелите за 34 проценти. Растот на цените во сите споменати случаи беше побавен отколку во јули

Спротивно на тоа, цените на храната и безалкохолните пијалоци во Турција се зголемија за 33,3 проценти на годишно ниво, алкохолните пијалоци и тутунот за 29,7 проценти, а во комуникацискиот сектор за 20,6 проценти, што претставува побрз раст во споредба со јули.

Годишната стапка на базична инфлација во Турција, исто така, се намали од 34,7 проценти во јули на 33 проценти во август.

На месечна основа, цените во Турција се зголемија за два проценти во споредба со јули, објавија Независне.