Универзална Инвестициона Банка АД Скопје на 24.01.2022 година ќе изврши исплата на полугодишна камата по каматна стапка 9% на годишно ниво на имателите на перпетуални обврзници со ИСИН MKBLBA200011 и шифра UNIPO.
Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност заклучно со 21.01.2022 година.
Тргувањето со обврзниците во деновите 20 и 21 Јануари 2022 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 183 и 184 денови соодветно, при што Купувачот при порамнувањето на 24 и 25 Јануари ќе треба да му го уплати износот на чистата цена + акумулираната камата на Продавачот. При ова, Купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на перпетуални обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност на 24 и 25 Јануари 2022 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на полугодишната камата.