Министерството за економија и труд со агенцијата за вработување бара и очекува владата да одобри уште 300 милиона денари за најатрактивната мерка-самовработување. А што се однесува до потрошувачката кошничка и инфлацијата, ќе бидат точки на дневен ред на Социјално-економскиот совет.

Уште 300 милиона денари се очекува Владата да одобри за најатрактивната мерка од оперативниот план за вработување. За 175. места, се поднесени околу 6.000 апликации за самовработување и почнување нов бизнис. Затоа буџетот за оваа мерка од 5 ќе се зголеми на 7,5 милиони евра.

Во меѓувреме, се готви дневниот ред на Социо-економскиот совет.

На дневен ред се пресметувањето на потрошувачката кошничка, инфлацијата и евентуалните владини мерки.

Засега е отворено прашањето дали подготвени ќе ја пречекаме есента.