Најдоцна до утре Министерството за финансии треба да испрати писма до банките, кои треба да ги достават понудите за финансирање на проектот Брза пруга од коридорот 10 – како дел од британското партнерство.
Првиот човек на финансии Димитриевска-Кочовска, вели дека краен рок кога банките треба да достават понуди не се знае.
Како првичен датум 30 јуни. Но, во зависнот од бројот на банките и нивните евентуални дополнителни барања за информации, рокот може да се продолжи, дополни министерката
Изјава Гордана Димитриевска Кочовска Министерка за финансии
И додека владата чека понуди од банките за изградба на брзата пруга, од Министерството за транспорт и врски за ТВ 24 – велат дека се уште работаат на разработка на физибилите студија за овој проект.
Телоп Министерство за транспорт и врски
„Ова е приоритетен проект стратешки за државата и владата е целосно посветена на брза реализација на истиот. Исто така владата веќе формира координативно тело кое работи на реализација на договорот со Обединетото кралство . Во однос на проектот принципот на градба на биде зазеднички согласно ФИДИК правилата., инфоррмираа од Министерството за транспорт и врски.
Брзата пруга е само дел од проектите кои ќе треба да се финансираат преку кредидот. Со здравствениот проект за болници, Медицинскиот факултет, како и проекти во секторите за енергетика и животна средина, Македонија ќе се задолжи за 6 милијарди евра.
Но, Кочовска вели дека владата нема да дозволи преку британското партнерство драстично да се зголеми задолжувањето.
Со јавен долг од над 60 % немаме простор за комоција.